ДАЛИ ВАР СИТУАЦИЈАТА ГО РЕШИ ФИНАЛЕТО?

„Ми се гади од вакви одлуки на судиите, Хрватска заслужи повеќе“

Некогашната легенда на Манчестер Јунајтед, Рој Кин го нарече аргентинскиот судија „Идиот“

објавено: 15 јули 2018 - 22:05

Пред крајот на првото полувреме од финалето на Мундијалот во Русија, аргентинскиот судија Нестор Питана реши да досуди пенал за Франција. Оваа одлука на арбитарот дојде дури по прегледување на повторената снимка, односно со помош на ВАР технологијата. 

Питана процени дека Иван Перишиќ играл со рака во близина на голот на Хрватска, па судијата досуди удар од 11 метри. Пеналот во гол го реализира Антоан Гризман, за водство на Франција од 2:1. Тоа се покажа и како клучно, ако се знае дека подоцна Хрватска нападна да израмни, а „галските петли“ од контра напад дадоа трет, а потоа и чтврти погодок. 

Некогашната легенда на Манчестер Јунајтед, Рој Кин вели дека судијата влијаел на конечниот исход на финалето. 

„Фудбалот е најубава игра на светот, но од такви одлуки на судиите ми се гади. Навистина ми се гади. Хрватските фудбалери заслужија повеќе од тоа. Тоа беше смешна одлука. Срамно. Тој судија никогаш не играл фудбал“, вели Кин, кој додаде дека судијата испаднал вистински идиот со таквата одлука да се досуди пенал.

Најново во Меѓународен Фудбал