НЕВЕРОЈАТНО КОЛКУ МАЛКУ ФАЛЕЛО ДА СЕ СЛУЧИ СКАНДАЛ

Меси за малку ќе добиел ќотек од соиграч во соблекувалната!

Најдобриот фудбалер на Аргентина, а е и еден од најголемите разочарувања на Светското првенство во Русија, по еден меч ќе бил истепан од соиграч, но за среќа реагирале останатите фудбалери 

објавено: 16 јули 2018 - 15:25

Најдобриот фудбалер на Аргентина, а е и еден од најголемите разочарувања на Светското првенство во Русија, по еден меч ќе бил истепан од соиграч, но за среќа реагирале останатите фудбалери. За среќа овој скандал кој никогаш не се случил, е од пред неколку години, но сега се појави во јавноста. 

Поранешниот аргентински репрезентативец Николас Бурдисо откри дека сериозно се скарал со Меси на еден меч одигран во 2011 година. 

„Се лутеше и постојано ме навредуваше, бидејќи никако не можев да му ја додадам топката. Делуваше навистина ужасно на теренот. Првата работа која ја направив беше да го сочекам во соблекувалната по средбата. Останатите играчи знаеја што ќе се случи и на време реагираа, па спречија физички контакт. Меси е силен, но и јас сум. За среќа на крајот се добро се заврши. Таквите работи се случуваат во фудбалот“, открива Бурдисо за инцидентот кој бил пред седум години. 

Најново во Меѓународен Фудбал