ИЗНЕНАДУВАЧКА ОДЛУКА

Меси не е на мапата на ФИФА: „Тројката“ од Монте Карло во трка за најдобар фудбалер

Познати се и имињата на фудбалерите кои ќе конкурираат за „Златната топка“, наградата на ФИФА.

објавено: 3 септември 2018 - 15:59

ФИФА на својата официјална страница ги објави и тројцата кандидати кои ќе конкурираат за наградата за најдобар фудбалер, поточно „Златната топка“. За изненадување е што во Топ 3 листата не се најде Лионел Меси, за првпат по повеќе од десет години.

Иако со Барселона ја освои двојната круна и на крајот беше најдобар стрелец, се чини тоа не беше доволно за ФИФА. За „Златната топка“ ќе се бори тројката од Монте Карло, Кристијано Роналдо, Лука Модриќ и Мухамед Салах.

 

Најново во Меѓународен Фудбал