јасно е дека сампаоли е само фигура на клупата на Аргентина

Меси на полувреме беше и селектор и оддржа говор (Видео)

Капитенот ги собра сите играчи и делеше совети како да се одиграат вторите 45 минути. На крајот Аргентина славеше со 2:1, што значи дека тактиката за тоа играчите сами да си бидат селектори се покажа како успешна 

објавено: 26 јуни 2018 - 22:25

Уште пред мечот со Нигерија беше јасно дека селекторот Сампаоли е веќе поранешен, но ќе остане на клупата да биде како фигура. Улогата на селектор пред и за време на мечот со Нигерија ја превзема Лионел Меси. Капитенот беше тој кој ги собра соиграчите на полувремето и им оддржа говор, а потоа и меѓусебе играчите сами се советуваа за тоа како треба да ги одиграат следните 45 минути. 

На крајот се покажа како победничка, одлуката да не се слушаат саоветите на Сампаоли, туку играчите сами да се организираат. 

Најново во Меѓународен Фудбал