ВКЛУЧЕН ВО ДВА ИНЦИДЕНТИ СО „ГАУЧОСИТЕ“

Меси кажувал кои фудбалери да не играат!

Уште една информација која се надополнува на тврдењата дека најдобриот аргентински фудбалер се мешал во работата на селекторот на националниот тим

објавено: 20 јули 2018 - 22:30

Според аргентинските медиуми, Лионел Меси бил вклучен во два инциденти кои се случиле во аргентинскиот камп. Ова докажува дека еден од најдобрите играчи во светот имал големо влијание во репрезентацијата и донесувал одлуки.

Првиот инцидент се случил кога „Гаучосите" се наоѓале на тренинг центарот на Манчестер Сити, каде што се подготвуваа за Светското првенство. Имено, еден од помошниците на Сампаоли, Себастија Бекачече му пришол на Меси сакајќи да му укаже на грешките и додека му зборувал го фатил за рамето. Овој гест не му се допаднал на легендата на Барселона и му кажал на Сампаоли повеќе вакво нешто да не се случува. Тој не бил револтиран поради зборовите на Бекачече, туку поради тоа што го фатил за рамето.

Вториот инцидент се случил за време на СП во Русија, каде што Меси го советувал селекторот да не ги става во игра Федерико Фазио и Џовани Ло Селсо, сметајќи дека тие се слабоста на оваа аргентинска репрезентација. Сампаоли го послушал својот најдобар играч и Ло Селсо воопшто не влегол во игра, додека Фазио го одигра само второто полувреме од дуелот против Франција, на кој Аргентина изгуби со 4-3 и испадна од СП. Помеѓу Меси и Ло Селсо, наводно имало нетрпеливост затоа што играчот на ПСЖ го победил Меси во „серва". 

Најново во Меѓународен Фудбал