ТАКТИКА ИЛИ ПРОВОКАЦИЈА

Мексико знае како против Нејмар: ВАР системот ќе ја заврши работата

Капитенот на Мексико, Андрес Гуардадо вели дека главната ѕвезда на противникот повеќе се тркала на теренот и глуми, отколку што игра фудбал 

објавено: 2 јули 2018 - 12:20

Мексико се надева дека денеска ќе успее да направи уште една сензација и да го елиминира петкратниот светски првак Бразил. Мексиканците веќе покажаа дека знаат како да се справат со голем ривал, откако на стартот на Мундијалот со 1:0 ја победи Германија и директно влијаеше на елиминацијата на „панцерите“ уште во групната фаза. 

Бразил верува дека во Русија може да стигне до висок пласман, но дури денеска почнува вистинскиот предизвик за „кариоките“. мексиканците се свесни дека најголемата опасност ќе доаѓа од Нејмар, но капитенот на Мексико, Андрес Гуардадо вели дека имаат подготвено план како да го сопрат. 

„Сите го знаеме Нејмар и нема што ние да направиме. ФИФА и ВАР системот треба да се справат со неговиот начин на игра. Знаеме дека многу сака да ги преувеличува работите, да глуми, да паѓа и да се тркала по теренот. Затоа судиите треба да превземат мерки, а не ние“, рече капитенот на тимот од Централна Америка. 

Мечот меѓу Мексико и Бразил ќе започне во 16 часот. 

Најново во Меѓународен Фудбал