„галските петли“ се вивнаа во нокаутфазата на мундијалот

Мбапе погоди за историјата на Франција, но и за место во осминафинале

Франција минимално со 1:0 славеше против Перу и со максимални шест бода е лидер во групата Ц

објавено: 21 јуни 2018 - 18:57

Франција си обезбеди место во нокаут фазата од Светското првенство во Русија, откако попладнево, минимално со 1:0 славеше во дуелот против Перу. Со овој триумф, „галските петли“ се на првото место со максимални шест бода по две кола. 

Килјан Мбапе беше стрелец на единствениот погодок, кој се покажа како доволен за радост на „галските петли“. Со овој погодок, Мбапе влезе во историјата како најмлад француски репрезентативец кој погодил на едно големо натпреварување (ЕП или СП). Мбапе има само 19 години и шест месеци. Тој е и првиот играч кој дал гол за Франција на Мундијал, а не бил роден кога оваа репрезентација во 1998 година се радуваше на трофејот пред својата публика. 

Перу со овој пораз ги загуби сите шанси дека може да ја помине групната фаза. 

Најново во Меѓународен Фудбал