СТРАШНА ПОСТМУНДИЈАЛСКА ПРИКАЗНА

Мбапе бил парализиран пред полуфиналето

Најдобриот млад фудбалер на Мундијалот во Русија за малку немало да биде дел од најважните мечеви

објавено: 21 јули 2018 - 14:30

На Светското првенство во Русија, Килјан Мбапе покажа зошто е меѓу најдобрите фудбалери во светот, иако уште е тинејџер. Францускиот репрезентативец одигра одлично и беше прогласен за најдобар млад играч на Мундијалот.

Сепак, тоа што не се знаеше досега е дека Мбапе лесно можело да не биде дел од двата најважни мечеви, односно да не игра во полуфиналето и финалето. Се започнало по едно туширање. Мбапе направил незгоден потег и веднаш се пожалил на болки во грбот. 

Веднаш бил пратен во кревет да мирува, а лекарот на репрезентацијата со масажи и други третмани успеал да го оспособи Мбапе, кој сепак не бил целосно подготвен, но одлично ги одигра двата најважни меча за француската репрезентација. 

Најново во Меѓународен Фудбал