хрватскиот бегалец се јави од БиХ

Мамиќ: Овие фудбалери ги направив милионери, а сега никој не ме спомнува

„Модриќ, Чорлука, Ковачиќ, Ловрен ги доведов како бегалци од Босна и им бев како татко“, вели Мамиќ, кој во Хрватска треба да одлежи затворска казна во траење од шест и пол години

објавено: 21 јули 2018 - 10:00

Некогаш највлијателниот човек во фудбалот во Хрватска, Здравко Мамиќ, најголемиот успех и пласманот на второто место на Светското првенство на „коцкестите“ го следеше од Босна и Херцеговина. Мамиќ е во БиХ како бегалец, бидејќи во Хрватска се бара за одлежување на затворска казна во траење од шест и пол години. 

Тој е виновен за затајување данок со што го оштетил Динамо, но и Хрватска во вредност од 128 милиони куни. Мамиќ вели дека е невин и дека тоа ќе го докаже кога ќе дојде време, а сега најкриво му е што никој не го спомнал неговото име за време на најголемиот успех на хрватскиот фудбал. 

„Во Динамо бев 48 години. Ме нарекуваа највлијателниот човек во фудбалот во земјата. Веројатно и јас имам некои заслуги за овој успех на репрезентацијата, иако гледам никој не ме спомнува. Сепак, несомнено е дека кулминацијата на нашиот успех е благодарение на базата која ја создадовме. Тука беа деца како што се Модриќ, Ловрен, Ковачиќ, Чорлука, кои ги доведов како избегливи од Босна и Херцеговина. Тоа е факт. Сега гледате дека тие момци се милионери. Јас им бев како татко, а сега никој ништо не спомнува. сите на некого му се заблагодаруваат, а мене никој не ме споменува. Ни мене ни Шукер. Морам да бидам искрен и да кажам, присутен е страв. Не смеат да нè спомнат, бидејќи ќе бидат цел на напади од страна на поединци“, вели Мамиќ, кој додава дека додека во Хрватска неговото име го заборавиле, од останатите земји и пријатели кои ги има добил многу честитки за успехот на Хрватска и освојувањето на сребрениот медал на Мундијалот во Русија.

Најново во Меѓународен Фудбал