САКА ДА ГО ГЛЕДА ФИНАЛЕТО НА КОПА ЛИБЕРТАДОРЕС

Малиот Ренцо си ги продава играчките за да купи билет за Ривер-Бока

Ренцо е шестгодишно детенце од Парана, главниот град на провинцијата Ентра Риос во Аргентина и е голем фан на Ривер Плата

објавено: 19 ноември 2018 - 18:45

Поради лошата економската ситуација во својата фамилија Ренцо не е во можност да си купи билет за натпреварот од финалето на Копа Либертадорес помеѓу Ривер и Бока кој ќе се игра во сабота, 24 ноември. Се работи за реванш дуелот откако првито заврши 2:2.

Шестгодишното детенце одлучило да ги продаде своите играчки за да собере пари за пат и за билет за реванш натпреварот на „Монументал". „Ги продавам играчките за да отидам на Монументал" напишал Ренцо на масичката на која ги продава своите играчки.

Неговата приказна се прошири глобално меѓутоа не на време за да му се помогне да купи билет затоа што сите влезници се продадени. Сонот на Ренцо да го гледа финалето во кое ќе игра неговиот омилен тим не се оствари. Оваа приказна стигна и до Малага, до една шпанска придружница на Ривер, која обезбеди патен билет до Буенос Ајрес за него и мајка му и два билета за натпреварот од Суперлигата помеѓу Ривер и Химнастик на 2 декември заедно со сите трошоци за сместување и екстра подарок.

 

Најново во Меѓународен Фудбал