ја отвори душата

Мајка му на Меси откри што го мачи нејзиниот син

Селија Кучитини го заштити својот син Лионел

објавено: 21 јуни 2018 - 17:30

Мајката на Лионел Меси, Селија Кучитини го заштити својот син од многуте критики кои пристигнаа на негова адреса, по првиот меч на Аргентина на Светското првенство во Русија. Меси промаши пенал на дуелот против Исланд, на кој „гаучосите“ освоија само еден бод, иако беа големи фаворити. 

„Повеќето луѓе го сакаат Лео и тој им возвраќа исто. Тој многу ја цени љубовта на навивачите. Лео знае дека луѓето од него очекуваат многу, а и тој многу сака да ја освои светската титула. Многумина велат дека тој не обрнува внимание на критиките кои доаѓаат на негова адреса, но не е така. Јас сум го гледала како плаче и како страда поради лошите зборови упатени кон него. Некој зборови ни носат и нам болка, а не па на него“, вели мајката на Лионел Меси.

Аргентина вечерва од 20 часот го игра вториот меч на Мундијалот, а противник е Хрватска. „Гаучосите“ се под притисок дека мора да победат во овој дерби дуел. 

Најново во Меѓународен Фудбал