Хрватите и Белгијците славеа во мечевите од Лигата „А“

Луда вечер во Загреб! Хрватска ја победи Шпанија со 3:2 (ВИДЕО)

Хрватите ја поразија Шпанија, па сега со Англија сами ќе одлучуваат за првото место во групата. 

објавено: 15 ноември 2018 - 22:50

Со голот на Тим Једвај во 93. минута, селекцијата на Хрватска дојде до огромна победа од 3:2 над селекцијата на Шпанија и ги задржа шансите за место во плеј-офот од Лигата на Нации. Иако Шпанците двапати успеваа да се вратат по водството на „коцкестите“, не издржаа да го завршат мечот нерешено и да ја потврдат првата позиција во групата, па сега им дозволија на Хрватите и Англичаните меѓусебе во последниот меч да решат дали некоја од овие две селекции ќе биде првоплаирана и ќе оди во следната рунда.

Шпанија е лидер во групата со 6 бода од 4 одиграни средби, додека Хрватска и Англија имаат по 4 и меч помалку. Кој и да победи на следната пресметка на овие две селекции ќе обезбеди пласман во плеј-офот. Во вториот меч вечерва во „А“ лигата, селекцијата на Белгија славеше со 2:0 над репрезентацијата на Исланд и со тоа само го потврди првото место во својата група.

Во „Б“ лигата се одигра само еден меч. Во Босанците остана анепоразени против Австрија играјќи 0:0 и потврдувајќи го првото место во групата и пласманот во завршната фаза.

Лига „А"
20.45 Белгија – Исланд 2-0
20.45 Хрватска – Шпанија 3-2

Лига „Б"
20.45 Австрија – БиХ 0-0

Лига „Ц"
20.45 Грција – Финска 1-0
20.45 Унгарија – Естонија 2-0

Лига „Д"
16.00 Казахстан – Летонија 1-1
20.45 Андора – Грузија 1-1
20.45 Луксембург – Белорусија 0-2
20.45 Сан Марино – Молдавија 0-1

Најново во Меѓународен Фудбал