тимот од „енфилд роуд“ доби квалитетен играч

Ливерпул го доведе „бунтовникот“ од швајцарската репрезентација

Во новата сезона Џердан Шаќири ќе го носи дресот на некогашниот англиски првак

објавено: 13 јули 2018 - 15:00

Џердан Шаќири го прекина летниот одмор, за да пристигне во Ливерпул каде треба да ги помине лекарските прегледи, пред да го стави потписот на договорот со тимот од „Енфилд Роуд“. Досегашниот играч на Стоук ја менува средината за трансфер вреден 13,5 милиони евра. 

Швајцарскиот репрезентативец не криеше дека сака да си замине од Стоук и да заигра за поголем клуб, а сега Ливерпул му ја овозможува таа шанса. Шаќири имаше забележителен настап и на Светското првенство во Русија, а го памтат и по контроверзниот момент кога голот против Србија го прослави правејќи го двоглавиот орел со рацете. Поради тој потег, ФИФА го казни Шаќири, кој би требало во новата сезона да биде квалитетно засилување за некогашниот англиски првак.

Најново во Меѓународен Фудбал