САМО ТОЈ И ПАОЛО МАЛДИНИ...ДРУГИ НЕМА...

ВИСТИНСКИОТ КРАЛ НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ: Роналдо е еднаков со Барса, Баерн, Ливерпул...

Најдобриот фудбалер на мадридски Реал продолжи со освојувањето на титулите во ЛШ, и сега има вкупно пет...

објавено: 27 мај 2018 - 13:20

Четири од нив освои како играч на Реал Мадрид, заклучно со оној синоќешниот, а еднаш на кровот на Европа се искачи како фудбалер на Манчестер Јунајтед.

На тој нашин, сега Португалецот има еднаков број на европски титули како и нивниот ривал во ова финале – Ливерпул, потоа минхенски Баерн, и Барселона, само како потврда плус дека во прашање е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Од играчите пак, еднаков број на европски титули како што го има сега ЦР 7 е само легендарниот „миланист", Паоло Малдини, додека пак по една помалку освоија, помеѓу другите, Лионел Меси, Андрес Иниеста, Чави, Кларенс Седорф...
Во финалето во Киев, Роналдо не реализираше погодок, но тоа не влијаеше и по седми пат во кариерата да бде најдобриот стрелец на елитното натпреварување.
Сјајниот напаѓач ја заврпува оваа сезона од Лигата на шампионите со 15. голови. Се заедно има 120. со што исто така е рекордер на оваа најсилна светска клупска конкуренција.

Најново во Меѓународен Фудбал