ОЛИВЕР КАН ЗА КАТАСТРОФАЛНАТА ВЕЧЕР НА КАРИУС

Вакви работи можат да ти ја уништат кариерата

Почетничките грешки на голманот Кариус, скапо го чинеа тимот на Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид. По неговите два „подароци" во вториот дел од играта, Реал победи со (3:1) и ја одбрани титулата.

објавено: 27 мај 2018 - 14:30

Во првиот момент, Кариус му овозможи на Бензема да го постигне еден од најбизарните голови некогаш видени на овие финални средби од ЛШ, а потоа прими и „пацерски" гол, по шутот од далечина на Герет Бејл.

Неговиот прославен германски сонародник, со исто работно место, некогаш во минхенски Баерн, Оливер Кан, беше запрепастен со она што имаше прилика да го види во овие 90. минути од средбата во Киев.

„Останав без зборови. Не памета дали некогаш сум видел вакво непто, брутално од страна на еден голман, како во ова финале. Едно вакво изданиe може да ти ја унипшти кариерата "- рече Кан за „ЗДФ"

 

Најново во Меѓународен Фудбал