Потврда за старт на трет европски клупски турнир

УЕФА го враќа Купот на победниците на Куповите?

Иако се уште не е прецизиран форматот на новото натпреварување, дел од шпекулациите велат дека станува збор за возобновување на Купот на победниците на куповите кој престана да постои по сезоната 1998/99.

објавено: 11 септември 2018 - 14:15

Претседателот на Европската клупска асоцијација, Андреа Ањели изјави дека од УЕФА добиле одобрение за формирање и трето европско клупско натпреварување, кое ќе биде додадено во постоечкиот сегмент на натпревари од Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

„Се чекаше дозвола од УЕФА, но сега добивме зелено светло за создавање на ново трето натпреварување, кое ќе опфати 96 клубови од сезоната 2021/22", изјавил Ањели.

Форматот на новото УЕФА натпреварување во моментов е непознат, но се очекува дека тоа ќе биде слично на едно минато натпреварување како Купот на победниците на куповите.

Куп на Победниците на Куповите беше европски фудбалски турнир на кој учествуваа победниците на националните куп-турнири од земјите-членки на УЕФА. Последен пат КПК се одржа во сезоната 1998/99.

Најново во Меѓународен Фудбал