ТРЕНЕРОТ НА ПСЖ ПРЕД УТРЕШНИОТ МЕЧ НА „ОЛД ТРАФОРД“

Тухел: Предизвик е токму сега да се игра против Јунајтед

Tренерот на ПСЖ Томас Тухел на пресконференцијата пред утрешниот меч против Манчестер Јунајтед подели комплименти за противникот и ги оцени шансите на неговиот тим за пласман во четвртфиналето на ЛШ

објавено: 11 февруари 2019 - 23:00

Дуелот на „Олд Трафорд" е дерби на колото, а ПСЖ со не толку добар период оди на мегдан, во моменти кога попушти и кога има повредени играчи, а противникот драстично ја крена формата.

Манчестер Јунајтед го промени стилот на игра по доаѓањето на Солскјер. Сега игра со голема самодоверба, игра ефикасно, рано постигнува гол и потоа воспоставува контрола на натпреварите. Солскјер направи голема работа. Затоа е вистински предизвик токму сега да се излезе на мегдан со Јунајтед. Се радувам што ќе играме против нив, а за да извлечеме добар резултат мораме да го дадеме најдоброто од себе", изјави Тухел.

Очекувам Јунајтед смело да нападне и да врши притисок. Убеден сум, дека во текот на средбата ќе има моменти, во кои ќе се браниме длабоко во нашата половина. Но ние сме тука да ја тресеме нивната мрежа. Се надевам дека ќе го направиме тоа повеќе од еднаш", додаде тренерот на ПСЖ.

Тухел го пофали Пол Погба.
Погба е опасен кога игра офанзивно, посебно кога е во противничкиот шеснаесетник. Ретко губи топка, стои цврсто на нозе и силен е во ситуација еден на еден. Способен е во секое време да направи разлика. Сега игра послободно и затоа е опасен. Тој прерасна во лидер", додаде Германецот.

Кој е фаворит? Ако гледаме севкупно (двата меча) шансите се 50-50. Но за средбата на Олд Трафорд не сум сигурен", претпазлив е Тухел кој за утрешниот меч (21.00 часот) нема да смета на повредените Кавани, Нејмар и Мение.

Најново во Меѓународен Фудбал