Во пресрет на мега-пресметката на „Енфилд“

Тиаго Силва: „Ќе ги гледате најдобрите два напади на планетава“

Мохамед Салах, Садио Мане и Роберто Фирмино на една и Нејмар, Килијан Мбапе и Единсон Кавани гна другата страна. Силва е убеден дека вечерва фановите ќе гледаат натпревар на двете најдобри напаѓачки формации на планетава.

објавено: 18 септември 2018 - 14:40

Капитенот на ПСЖ, Тиаго Силва, изјави дека вечерна на „Енфилд" ќе има дуел на двата тима кои го имаат најдобриот напад во Европа. Ливерпул го пречекува ПСЖ во премиерното коло од новата сезона во Лигата на шампионите, а целото внимание ќе биде насочено токму на овој меч.

„Немам дилеми дека вечерва ќе го гледате мечот на два од најдобрите клубови на планетава. Покрај тоа, ова се тимови кои го имаат и најдобриот напад во светскиот фудбал. И Ливерпул и ПСЖ имаат по тројца неверојатни напаѓачи кои во секој момент ќе бидат закана за противничките голмани и одбраната", вели бразилскиот дефанзивец.

Мохамед Салах, Садио Мане и Роберто Фирмино го предводеа Ливерпул до пет стартни победи во Премиер лигата оваа сезона, додека од друга страна, Нејмар, Килијан Мбапе и Единсон Кавани го сочинуваат жестокиот напад на парижани.

„Мораме да бидеме подготвени, да почнеме добро и се надевам дека ќе можеме да се вратиме дома со добар резултат", дополнил дефанзивецот.

Најново во Меѓународен Фудбал