ЈИРГЕН КЛОП НЕ ОСТАВА НИШТО НА СЛУЧАЈОТ

Тешко е, но сите ќе бидеме заедно со Кариус

Менаџерот на Ливерпул вели дека голманот на „црвените" Лорис Кариус ќе се бори со последиците на своите грешки направени во финалето на Лигата на шампионите против Реал во Киев...

објавено: 27 мај 2018 - 18:30

Менаџерот на Ливерпул вели дека голманот на „црвените" Лорис Кариус ќе се бори со последиците на своите грешки направени во финалето на Лигата на шампионите против Реал во Киев...

„Само кратко разговарав со него после натпреварот, но тука нема што многу да се зборува. Тешко му е, никој не сака такво нешто. Грешките беа очигледни, но не мораме да зборуваме за нив. Тој го знае тоа, јаз го знам тоа, сите го знаат тоа. Сега мора самиот да се бори со тоа, ние мораме да се бориме со тоа. Ќе бидеме покрај него, во тоа нема сомневање" - истакна германскиот стручњак на клупата на Ливерпул.

Покрај грешките на Кариус, проблем за Ливерпул беше отсуството, принудно, после половина час игра на нивниот најдобар играч Мохамед Салах.
Египетскиот напаѓач доживеа повреда на рамото, и мораше да го напушти теренот на олимпискиот стадион во Киев.

„Беше тешко за Мо, за нас, за Египет. Тоа е делот од спортот кој не го сакам, но такви работи се случуваат. Тоа беше важен момент на натпреварот. Знам дека ако кажете такво нешто откако сте загубиле, ќе звучите дека не знаете да губите. Но, за мене, тоа беше преостар старт, раката беше тука, имаше 'борба'. Мо немаше среќа затоа што падна на рамото. Беше јасно дека момците се шокирани, од тој момент падна ритамот на нашата игра "- нагласи Клоп.

Од моментот кога се повреди, се чинеше дела Салах ќе мора да пропушти Светското првенство во Русија. Но стигна потврда дека ги оштетил лигаментите на рамото и дека поради тоа ќе паузира само две недели.

Најново во Меѓународен Фудбал