МЕНАЏЕРОТ НА ЈУНАЈТЕД ПРЕД УТРЕШНИОТ ДУЕЛ ВО ЛШ

Солскјер: Можеме да победиме секого, па дури и силниот ПСЖ

Оле Гунар Солскјер со нетрпение го чека првиот меч од Лигата на шампионите како тренер на Манчестер Јунајтед

објавено: 11 февруари 2019 - 21:40

Норвежанецот верува дека неговиот тим е кадарен да го победии секој противник, па дури и силниот Пари Сен Жермен за кого играат некои од најдобрите фудбалери на светот. Првиот меч се игра утре на „Олд Трафорд" со почеток од 21.00 часот.

Со нетрпение го чекам тој меч. И за играчите, и за навивачите тие натпревари се посебни. Последната таква посебна вечер за мене беше победата над Рома со 7:1. Загубивме во првиот меч со 2:1, а менаџерот ни кажа дека ќе ги победиме дома - толку многу веруваше во нашите способности. Сакам и моите играчи да веруваат во себе и да влезат во дуелот мотивирани", вели Солскјер.

Прогресот на ПСЖ е фантастичен. Играв таму со Молде во 1995 година, а сега ги имаат најдобрите играчи на светот: Буфон, Нејмар, Тијаго Силва, Кавани, Верати... Го имаат и еден од најдобрите млади фудбалери - Мбапе. Знаеме дека ќе играме против тим кој навикнал да победува. Но мислам дека нашиот состав е способен да победи секого. Со нетрпение го чекам мечот. Сега е време да се покажеме дека личиме на тим. Да добиеме голем натпревар", додаде Норвежанецот.

Јунајтед е во добар ритам. Откако Солскјер седна на клупата екипата има 10 победи и едно реми. Со право очекува добар настап против францускиот шампион.

Најново во Меѓународен Фудбал