ДОКТОРИТЕ МУ ЗАБРАНИЈА ДОПОЛНИТЕЛНИ СТРЕСОВИ

Сер Алекс, сменете го каналот кога ги гледате „ѓаволите"

Здравјето е на прво место...

објавено: 14 декември 2018 - 21:00

Оваа сезона, фудбалерите на Манчестер Јунајтед прикажуваа доста лоши изданија во Премиер лигата каде веќе заостануваат 16.бода зад водечкиот Ливерпул, и се на шестото место.
Впечатокот е поправен со пласманот во осминафиналето од Лигата на Шампионите, иако на крајот беше впишан пораз од Валенсија (1:2).
Комплетниот впечаток за избраниците на Жозе Мурињо е поприлично лош, што во комбинација со мачната атмосфера, внатре во клубот, го нервира и легендарниот Сер Алекс Фергусон, кому докторите му забраните да ги гледа „црвените ѓаволи" два пати неделно.
Секако со една цел, да не си ја расипе здравствената состојба...

"Поради можноста од претеран стрес, лекарите го присилија Шкотот да не оди на секој меч на 'Олд Трафорд'. А препорачано му е да ги прескокне оние кои може да ги гледа на ТВ" - наведуваат англиските медиуми.

Оваа забрана доша после одуката на славниот менаџер на Јунајтед да гледа три натпревари во само девет дена. И тоа против екипите на Јанг Бојс, Арсенал, но и на гостувањето во Саутемптон,
Затоа не го гледаше дуелот со Фулам на гостински терен (победа од 4:1).
Во мај оваа година, Се Алекс Фергусон имаше мозочен удар поради што му беше препорачано строго мирување. Меѓутоа тие планови сериозно ги ремети неговата опсесија да го гледа својот поранешен клуб, кој од неговото заминување 2013 година, поминува низ лоши моменти.

Најново во Меѓународен Фудбал