НЕ ВЕРУВА ВО ШПЕКУЛАЦИИ

РОНАЛДО ЗА ДОАЃАЊЕТО НА НЕЈМАР: Најдобрите се веќе во Реал!


Најдобриот фудбалер на „кралскиот клуб" истакнува дека шпекулациите за засилувањата кај европскиот шампион скоро никогаш не се точни...

објавено: 23 мај 2018 - 16:10

А во последно време се почесто се зборуваше дека Нејмар би можел да го замени играњето во ПСЖ со она во Реал Мадрид.

„Овде секогаш се зборува за новите играчи. Осум години сум во Реал и се променија 50. имиња, а на крајот никој не дојде. На крајот секогаш се оние кои ќе стигнат до финалето, затоа што најдобрите се веќе во Реал, Бејл, Бензема, Асенсио... Сите се овде" - подвлече Роналдо.

Во сабота навечер Португалецот го очекува ново финале во Лигата на шампионите, а се знае дека Кристијано Роналдо прв голгетер со 15. голови во 12. средби.

„Во сабота е потребно сите да бидат позитивни и да го поддржат тимот. Како што тоа го правеа и досега. Ќе дадеме се од себе, како и секогаш, и ќе се обидеме да победиме"- порачува Роналдо.

Фудбалерот на Реал Мадрид во оваа прилика најави дека би можел да игра до својата 41. година.

„Биолошки, моето тело е како да имам 23. години. Имам уште време, би можел да играм до својата 41. година. Се чувствувам добро, среќен сум. Не можам да се пожалам" - дополни „ЦР7" пред тргнувањето за Киев.

Најново во Меѓународен Фудбал