МАРЕК ХАМШИК РАЗМИСЛУВА МАЛКУ ПОИНАКУ

Роналдо не може сам да „прави" пехари, тој не е Марадона!

Капитенот на Наполи смета дека доколку сакаат да ја освојат титулата, на Јувентус нема да му биде доволно што го ангажирал Кристијано Роналдо...

објавено: 16 јули 2018 - 17:40

Трансферот на Кристијан Роналдо кој денеска беше официјализиран, е веќе опишан како најголемиот кој некој клуб од Серија А го направил во последниот период.

Доаѓањето на најдобриот фудбалер на светот се споредува со она на Диего Армандо Марадона во Наполи во далечната 1984 година.
Наполитанците не го забораваат тоа, па и нивниот актуелен предводник на теренот, Марек Хамшик.

Јуве ќе биде посилен со Роналдо? Еден играч не може да освои се самиот. Дури и ако е најдобриот на светот. Исправка, ако не е Марадона, не може се самиот" - изјави капитенот на Наполи, Марек Хамшик.

Најново во Меѓународен Фудбал