БЕШЕ ИЛИ НЕ БЕШЕ ГОЛ ВО ВЕЧНОТО ДЕРБИ ВО БЕЛГРАД

Партизановци нудат своја „слика", ѕвездашите – нивни „доказ"! (ФОТО)

Нови снимки, нови моменти, употреба на геометрија, линии, пенал...

објавено: 24 септември 2018 - 12:00

Од се по нешто, и се чини дека на крајот, се ќе остане само на убедувањата, оние судиските...

Дали беше гол или не ударот на Боачи кој голманот Стојковиќ го одби во поле, во онаа 74 минута од дуелот Партизан-Црвена Ѕвезда, 158. по ред во историјата на големите српски клубови?

Бурата по дербито во „Хумска" не стивнува, секако во центарот на вниманието е контроверзниот гол на Ричмонд Боачи, за кој уште сега може да се каже дека е антологиски, и дека никогаше нема да биде заборавен.
Дали топката ја мина гол-линијата пред одбраната на Стојковиќ, е нето за што ќе се зборува и ќе има вечна полемика помеѓу двете страни, црно и црвено-белата.
Секоја од нив вади некои нови „аргументи".

Официјално се огласи Црвена Ѕвезда која преку социјалните мрежи подели слика на која се повлечени линии кои би требало да докажат дека голот е „чист" и дека топката ја поминала гол-линијата.

Истовремено, навивачите на Партизан си направија своја „геометриска слика" и нудат докази дека топката не ја поминала гол-линијата со целиот свој обем.

Кој е во право?

Најново во Меѓународен Фудбал