ЗА ДЕСЕТ МИЛИОНИ ЕВРА...

ОФИЦИЈАЛНО: Фабрегас е новиот „кнез" (ВИДЕО)

Шпанскиот играч од средината на теренот, и официјално стана нов играч на Монако...

објавено: 11 јануари 2019 - 20:45

Овој 31 годишен фудбалер, со екипата од француското кнежевство потпиша договор на три и пол години, додека пак од друга страна членот на француската Лига 1 на име на отштета на Челзи уплати сума од десет милиони евра.
Во новиот клуб, Фабрегас ќе игра под патронат на тренерот Тјери Анри со кого некогаш беше соиграч во лондонскиот Арсенал.
Монатое во една навистина тешка ситуација во Лига 1, се наоѓа на претпоследното, 19. место на табелата со само 13.бодови, па искуството и знаењето на играч каков што е Фабрегас, ќе значи многу во борбата за опстанокот во оваа конкуренција.
Во својата профи кариера Сеск Фабрегас освен за Арсенал, играше и во Барселона и во Челзи, каде беше од 2014 година до денеска.
Оваа сезона беше во немилост на новиот тренер Маурицио Сари, па одигра само шест мечеви од Премиерлигата. 

Најново во Меѓународен Фудбал