КОЛКУ ПАДНА РЕЈТИНГОТ НА БРАЗИЛЕЦОТ

Нејмар е еднаков на „нула"- ниту Тите не гласал за него!?

Од 1.514 гласови, напаѓачот на ПСЖ не доби ниту еден...

објавено: 26 септември 2018 - 14:45

Никаде го нема Нејмар, дали го забележивте тоа?

Најскапиот фудбалер на планетата Земја, како да пропадна во земја. Не е ниту во најблискиот круг на кандидати во изборите за најдобар фудбалер, не само во Европа, туку и во светот.
Барем така сметаат селекторите и капитените на националните селекции кои се под капата на ФИФА, плус и оние најугледни новинари од светските редакции.
Зошто?
Затоа што ниту еден од нив не му додели ниту еден глас на напаѓачот на париските „светци" во одбирот за наградата на најдобар фудбалер, која заврши во рацете на Лука Модриќ од Реал Мадрид и селекцијата на Хрватска.

Конкретно, поредокот на првите десет е Лука Модриќ (29.05%), Кристијано Роналдо (19.08), Мохамед Салах (11.23), Килијан Мбапе (10.52), Лионел Меси (9.81), Антоан Гризман (6.69), Еден Азар (5/65), Кевин Де Брујне (3.54), Рафаел Варан (3.45) и Хери Кејн (0.98).
За тоа каква разочарувачка сезона имаше (испаднаа од Реал во осминафиналето на ЛШ), а со Бразил во четвртфиналето на Мундијалот, која, не може да ја компензира ниту титулата во Лигата на Франција, доволно се гледа од информацијата дека од вкупно 1.514 гласови, ниту еден не отиде на адресата на Нејмар!?
Од споменатиот број, 510 се мислење на селекторите, а по 504 на селекторите на репрезентациите и на новинарите од светските медиуми.
Никој од нив ниту се сети на 26. годишниот фудбалер од Бразил.
Затоа и легендарниот Гери Линекер го советува пријателски:

„Постои само една насока по која се оди од Барселона, Да се врати назад".

Дека Нејмар има разочарувачки ефект тоа го сфатија и во неговата родна земја, затоа што е објавено и за кого гласале селекторот на Бразил, Тие, и капитенот на „кариоките"; Миранда Играчот кој ја носеше капитенската лента откако беше одлучено ѕвездата на ПСЖ да биде постојан капитен.
Тите гласал за тоа дека најдобар е Лука Модриќ, а до него се Салах и Роналдо, додека изборот на Миранда биле Роналдо, Мпабе и Меси.

 

Најново во Меѓународен Фудбал