Де Лаурентис и „Сан Паоло“ се во спор

Наполи бара дуелите од ЛШ да ги игра во Бари

Наполи е во спор со стадиот „Сан Паоло“ во Неапол. Ако работите не се решат, наполитанците сакаат своите средби од Лигата на шампионите оваа сезона да ги играат во Бари.

објавено: 11 септември 2018 - 15:30

Контроверзниот претседател на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, побарал од УЕФА да го убажи неговото барање за промена на местото каде Наполи ќе ги игра натпреварите од Лигата на шампионите оваа сезона. Како што објавија медиумите, Де Лаурентис и Наполи се во спор со стадионот „Сан Паоло" во неапол поради наводно неплатена рента.

69-годишниот претседател на клубот, кој е многу критичен кон стадионот поради условите, па не ретко го нарекува "тоалет", вели дека сака да ги игра домашните натпревари од ЛШ на стадионот во Бари.

„Ова е кошмар, негативна точка, и тоа ја намалува нашата меѓународна позиција. Да играш на ваков стадион е катастрофа", изјавил Де Лаурентис за италијанските весници.

„Велам, доста беше. Нема да молчам и наскоро почнувам да градам сопствен стадион. Тоа ќе потрае две години и никој не може да ми каже ништо. Ќе го градам со мои пари на мое замјиште. Ако овие услови продолжат, ќе ја забрзаме работата. Веќе ги прашав од УЕФА за овластување да ги играме натпреварите во Лигата на шампионите на „Сан Никола" во Бари", вели првиот човек на наполитанците.

Најново во Меѓународен Фудбал