ОФИЦИЈАЛНИТЕ СТАРТНИ СОСТАВИ, БАРСА-ПСВ И ИНТЕР-ТОТЕНХЕМ!!!

Меси, Суарез и Дембеле го „ловат“ ПСВ, мега дуел Икарди vs Кејн (ФОТО)

Стартуваат возбудувањата од групната фаза во најквалитетното европско натпреварување, Лигата на шампионите со првите два натпревари од групата Б со почеток од 18:55 часот.

објавено: 18 септември 2018 - 18:26

На стадионот „Џузепе Меаца" во Милано, составот на Интер во еден од поинтересните дуели во денешната програма е домаќин на Тотенхем, а дефинитивно ќе биде како каталонците ќе ја започнат сезоната 2018/2019.

Барса во својот прв домашен меч против холандскиот претставник на својот „Камп Ноу" ќе напаѓа со Дембеле, Суарез и Меси.

Стартните состави на Барселона и ПСВ (18:55 часот):

Барселона: тер Штеген, Алба, Умтити, Пике, Роберто, Кутињо, Бускетс, Ракитиќ, Дембеле, Суарез, Меси.

ПСВ: Зоет, Дамфрис, Шваб, Виргевер, Есморис Тасенде, Росарио, Хендрикс, Переиро, Бергвијн, де Јонг, Лозано.

Кај „неро-аѕурите" повредени се Далберт, Гаљардини и Марио, тренерот Спалети пред овој меч се соочи со проблеми во делот на одбраната.

Стартните состави на Интер и Тотенхем (18:55 часот):

Интер: Хандановиќ, Асамоа, Миранда, де Врај, Шкриниар, Брозович, Весино, Перишиќ, Наинголан, Политано, Икарди.

Тотенхем: Ворм, Орие, Санчез, Вертонген, Дејвис, Дембеле, Дајер, Ериксен, Ламела, Кејн, Сон.

Најново во Меѓународен Фудбал