ДАЛИ РАБОТАТА СТАНУВА СЕ ПОРЕАЛНА?

„МАРКА" ВЕЛИ: Јуве е сериозен

Каде се клучевите за операцијата „Роналдо"?

објавено: 3 јули 2018 - 15:50

Прво почна да пишува, макар и срамежливо, италијанскиот „Тутоспорт". Но сега, се чини дека тоа е повеќе од срамежливо, особено ако слично велат и новинарите од шпанската „Марка".

Јувентус е сериозно заинтересиран во своите редови да го донесе никој друг туку Кристијано Роналдо.
Значи ни Премиер лигата, ниту ПСЖ, ниту Кина, ни МЛС, Јапонија, туку Јувентус!
Моментално италијанскиот шампион е најдобро позициониран да потпише договор со португалската суперѕвезда. Толку добро што, пишува „Марка", што раководството на торинскиот клуб ја почна мисијата на трансфер на еден од најдобрите фудбалери на светот и првата ѕвезда на Реал Мадрид.

„Роналдо изрази желба да го напушти клубот уште во мај, после финалето на Лигата на Шампионите. Познато е дека ЦР 7 има големи недоразбирања со Флорентино Перез, има големи разлики помеѓу нив двајцата, и Јувентус сака да го искористи тоа, да го ангажира фудбалерот кој ги спречи да го освојат трофејот во ЛШ. Италијанците се подготвени да понудат договор кој би го задоволил Роналдо: околу 30.милиони евра годишно, без бонус, и се така до 2022 година" - стои во текстот на мадридскиот весник.

Клаузулата во договорот за Роналдо е она што во последните денови се зборува баш многу. Пооделни медиуми јавија дека Реал е подготвен да ја симне онаа спектакуларна цифра од милијарда на 120.милиони евра, но тоа беше веднаш симнато од интернет изданието на „Марка".

Јасно е дека Роналдо е незадоволен во Реал, а тоа значи дека е блиску до „излезната врата" на „кралскиот клуб".
Јасно е дека и Јувентус е подготвен да преговара, и е спремен да му ја исполни желбата на Роналдо, да му даде четиригодишен договор на 30.милиони евра, после што би останало само двата клуба да се договорат околу отштетата.
На крајот „Марка" подвлекува дека парите не се оние кои го водат Кристијано, иако тоа можеби така не изгледа на прв поглед. Во овој момент ЦР7 има плата од 21.милион евра на годишно ниво, но пред себе го има и првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели, кој во неколку наврати изрази огромно почитување кон него.

Исто така и фановите на Јувентус му дадоа неколкуминутни овации за она што го стори на првиот меч од четвртфиналето од Лигата на шампионите. Оние негови историски, антологиски „ножички".
Јуве стои цврсто на нозете, и доколку преговорите за доведување на Роналдо тргнат во добра насока, тогаш Бепе Марота и другите од менаџментот на „Старата дама" ќе ја забрзаат продажбата на Гонзало Игуаин, од која очекуваат барем половично покривање на новите трошоци.
Односно „половина работа" веќе би била завршена.

Најново во Меѓународен Фудбал