„ФАРАОНОТ" НЕМА ДА ГИ ПРЕКРШИ РАМАЗАНСКИТЕ ПРАВИЛА

Ќе „пости", Мохамед Салах останува верен на религијата

Ниту настапот во финалето во Лигата на Шампионите нема да го „натера" Мохамед Салах да се откаже од муслиманските обичаи.

објавено: 24 мај 2018 - 16:50

Во сабота, кога неговиот Ливерпул ќе се сретне со Реал Мадрид во финалето на Лигата на Шампионите во Киев, Мохамед Салах ќе пости цели 18. часови.
За време на рамазанскиот пост, на Муслиманите им е забрането да конзумираат храна и пиење, и тоа од зора до самрак.

Тоа може да биде предизвик за секој верник, особено ова доста тешко им паѓа на врвните спортисти.
Емре Белозоглу, на пример, е доста посветен на Исламот, но вели дека доста тешко ги следи правилата на рамазанскиот пост, затоа што, како што вели, тоа е комплицирано за еден професионален спортист.
Меѓутоа, ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах нема намера да го прекрши рамазанскиот пост, иако во текот на деветиот месец оод исламскито календар е најважниот натпревар во неговата фудбалска кариера, финалето на Лигата на Шампионите против Реал Мадрид.

„Сигурно ќе постам. Ќе постам сите 30. дена. Сите овие успеси кои ги постигнувам се преодредени од мудтроста на Алах"- кажа Салах, кој не е осамен во составот на Ливерпул кога стаува збор за почитување на постот.

Покрај него, законите на Исламот ќе ги почитува и Садио Мане.
Инаку, во египетската репрезентација помалку се загрижени поради одлуката на својата најголема ѕвезда, затоа што Рамазанот се поклопува и со Светското првенство. Селекторот Хектор Купер поради тоа кажа дека екипата ќе има стручњаци и лекари кои ќе ја следат ситуацијата со играчите кои постат.

Најново во Меѓународен Фудбал