УЕФА во преговори со Американците

И Лигата на шампиони ќе се игра во САД?

Некое од следните финалиња на најкомерцијалниот фудбалски турнир на планетава е на пат да се одигра пред американска публика. 

објавено: 10 септември 2018 - 19:45

По Шпанија, и Лигата на шампионите на УЕФА е на пат да се пресели во САД. Како што информираат најтиражните шпански весници, УЕФА води активни преговори за одигрување на некое од следните финалиња на најсилното и најбогатото европско клупско натпреварување, преку Атлантикот.

Информацијата ја потврди основачот на медиумската компанија „Медијапро", Хауме Ројрес.
Официјалниот претставник истакнал дека главната причина за ваквата идеја е финансиска добивка. Финалето во Лигата на шампионите оваа сезона ќе се одигра во Мадрид на стадионот "Ванда Метрополитано", а во сезоната 2019/20 ќе се одигра во Истанбул на Олимпискиот стадион.

Дали Американеците ќе го добијат финалето во 2021 година, останува да се види.

Најново во Меѓународен Фудбал