КОМПЛЕТИРАНО 1. КОЛО ОД ГРУПАТА Б ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

Хет-трик на Меси, фантастичен волеј на Икарди, пеколен финиш на Интер (ФОТО+ВИДЕО)

Во првите натпревари од сезоната во ЛШ, Интер на домашен терен со 2:1 го совлада Тотенхем, а Барселона убедлива над ПСВ со резултат 4:0.

објавено: 18 септември 2018 - 20:58

ИНТЕР-ТОТЕНХЕМ 2:1

Немаше многу возбудувања барем на почетокот од дуелот на „Џузепе Меаца" стадионот во Милано се до 15. минута.

Една добра прилика за „неро-аѕурите", но следуваше атрактивна интервенција од страна на Санчес, со „ножички" ја исфрли топката од петерецот.

Три минути подоцна еден солиден шут на Ериксен од слободен удар од околу 30 метри оддалеченот од голот на Интер, но Хандановиќ без проблеми ја боксуваше топката.

Во 33. минута едно незгодно патување на топката после центаршутот на Перишиќ и слабата реакција на Санчес на првата статива, но голманот Ворм успеа да ја острани опасноста.

Четири минути подоцна убава шанса имаше Кејн, едно одлично додавање од страна на Ериксен во казнетиот простор, најдобриот стрелц на СП го помина Хандановиќ, но топката бега пред небранетиот гол.
Во 54. минута сосема случајно, Тотенхем дојде до водство преку данскиот интернационалец Ериксен, одбраната на Интер целосно збунета, по малку и комична.

Пет минути подоцна домаќините ја имаа најдобрата шанса, после центаршутот од десната страна, Перишиќ шутираше со глава на втората статива, но Ворм со крајни напори успеа да одбрани. Во 69. минута одлична шанса за Тотенхем да ја зголеми позитивата, Хандановиќ го спречи првиот удар, после Сон се најде во офсајд и го „спаси" Интер.

Домаќинот одеше на се или ништо, тоа се исплатеше во самиот финиш, најпрвин во 86. минута со фантастичен волеј израмни Икарди, а за делириум на трибините се погрижи Весино со глава после еден изведен корнер за поставување на конечниот епилог.

БАРСЕЛОНА-ПСВ 4:0

Првата шанса на мечот на „Камп Ноу" ја имаше ПСВ. Переира се обиде да го изненади домашниот голман со еден полуволеј, но топката заврши над пречката. Каталонците ги изведоа првите корнери, а дебитантот Кутињо го испроба својот удар со глава, но беше далеку непрецизен во 11. минута од средбата, а 60. секунди подоцна му се придружи Дембеле.

Зачудувачки, но барем во првите 15. минути Холанѓаните играа еден отворен и храбар фудбал против Барса која ја има фаворитската улога, во 14. минута се закани и Бергвијн. Тоа беше нова шанса за гостите кои се обидоа од контра, а топката помина покрај левата статива на Тер Штеген.

Конечно се „разбуди" и Меси од кого секако очекуваме и сезонава да блесне и биде еден од најдобрите стрелци во ЛШ. Но, и Лоренцо на спротивната страна беше навистина мотивиран да се докаже на „Камп Ноу", го претрча Жорди Алба, а тоа ретко некој може да го направи, но немаше сили за подобра завршница во 23. минута. И кога не се користат шансите, следува казната.

Во 32. минута прекрасен гол од слободен удар на Меси за водство на Барса со 1:0. Тоа беше негов 61. погодок, најмногу во групи на ЛШ, еден повеќе од Роналдо на листата. Се обиде гостинот да израмни непосредно пред паузата, одличен шут од страна на Де Јонг од околу 20. метри, но надвор од рамките на голот.

После пет минути од второто полувреме нов обид на Меси, но сега шутираше право во рацете на голманот на Холанѓаните. Во 54. минута нов обид на Лозано, но топката заврши над голот. Неколку секунди подоцна, истото го направи и Кутињо.

Сите дилеми околу победникот беа решени за две минути, најпрвин фантастичниот Дембеле во своја соло акција се запиша во листата на стрелците, а 120 секунди подоцна до вториот погодок на мечот дојде и Меси. Лоша вест за тренерот Валверде беше што во 79. минута поради втор жолт картон теренот мораше предвреме да го напушти Умтити после прекршокот над Лозано.Но, и со играч помалку Барса дојде до уште еден гол, и тоа преку Меси кој го комплетираше хет-трикот.

Лига на шампиони
Група Б, 1. коло (резултати):
Интер-Тотенхем 2:1 (0:0) Икарди 86', Весино90+2/Ериксен 53'
Барселона-ПСВ 4:0 (1:0) Меси 32', 77', 87' Дембеле 75'

Најново во Меѓународен Фудбал