УЕФА пред уште една дилема

Гигантите бараат укинување на правилото „гол во гости“

Правилото кое е воведено во Купот на Победниците на куповите (КПК) во сезоната 1965/66 веќе е несоодветно за фудбалот кој се игра денеска, сметаат тренерите.

објавено: 5 септември 2018 - 11:17

Тренерите на водечките европски клубови доставиле предлог до Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) да го преиспита правилото за „гол на гостински терен", што носи предност во елиминациската фаза на европските клупски турнири. Веста лично ја потврди заменик-генералниот секретар на УЕФА, Џорџо Маркети.

Вчера се одржала традиционалната средба на тренерите на водечките европски клубови со раководителите на европскиот фудбал и на неа биле дискутирани прашања кои се однесуваат на развојот на фудбалската игра.

„Тренерите сметаат дека да се даде гол на гости денеска не е тешко како во минатото, кога фудбалот бил сосема поинаков. Затоа тие сметаат дека правилото за 'пласман понатаму со повеќе голови на гостински терен' треба да укине или промени. Нивно мислење е дека значењето да се биде гостин воопшто не е исто како во времето на неговото воведување", вели Маркети.

Правилото за пласман во следната фаза со повеќе голови на гостински терен за првпат е воведено во Купот на Победниците на куповите (КПК) во сезоната 1965/66.

Најново во Меѓународен Фудбал