ТОА Е ВЕЌЕ НЕШТО ДРУГО

ЕДЕН НОВ ЈУВЕНТУС: Со Роналдо се би било поинаку: Дибала, Коста, Кансело...

Тоа би бил еден пеколен тим спремен конечно да оди до крајот во Лигата на Шампионите...

објавено: 5 јули 2018 - 10:00

Со години се така блиску, но и така далеку од пехарот, оној најзначајниот – Лигата на Шампионите.
Но некако постојано им недостасува таа „последна алка" за да стигнат до тронот, оној европскиот, на кој не биле уште од 1996 година.
Можеби Паоло Дибала требаше да биде „локомотивата", но не е , барем не засега...
И тогаш по една, би се рекло безначајна вечера, најдобрите работи се случуваат кога за тоа има најмалку шанси. Онака попатно, Жорж Мендеш споменува, како да зборува за некој меч кој се играл истата вечер. И вели „Не е така нереално"...

„Кристијано Роналдо во Јувентус", Мендеш ја покрена акцијата, можеби и на иницијатива на Роналдо. Во Јувентус, отпрвин барем, не можеа да поверуваат дека и тоа е можно за да биде вистинито. Но изгледа дека е така. Изгледа дека на Кристијано Роналдо му се смачи човекот кој се вика Флорентино Перез, и обратно.
И дека е можеби време за разделба...
Од почит за се што му дал на клубот, веројатно е дека Реал Мадрид нема да прави проблеми, Оние 450. натпревари и 438. дадени голови во белиот дрес се за незаборав.
Макар што и оние наводно понудени сто милиони евра не се доволна гаранција.
Којзнае можеби излезната цена ќе биде и поголема, можно е во последен час да влета некој друг, како на пример, Манчестер Јунајтед.

Имаат англичаните повеќе пари, тоа е јасно. Но се говори и тоа дека Роналдо попрво би играл кај Алгери откако повторно кај Мурињо. Дури сакаше, проба да го поттурне Алегри на „Сантјаго Бернабеу" кога се дозна дека ќе си оди Зинедин Зидан.
Интересно, шпанските медиуми се сè поуверени дека Роналдо ќе биде дел од Јуве.
„Марка" пишува дека уште пред две седмици „ЦР7" барал нов дом во Торино.
Генералниот директор на Јувентус. Бепе Марота, пак на прашањата на новинарите кои го "бркаа" низ Торино кратко им рече:„Без коментар".
Обично веднаш демантира нетоќни информации. А вака големи работи, не се завршувата така лесно. Многу милиони се тука, во игра, а во Јувентус се уверение дека за четири години со Роналдо во шпицот на нападот, Лигата на Шампионите е сигурна.

Впрочем, Роналдо не би играл сам.

Дури повеќе веќе на почетокот на преодниот рок, делува дека Јуве се засили сериозно. Жоао Кансело, на местото на Стефан Лихштајнер, Емре Џан го исфрли Клаудио Маркизио, Роналдо пак на местото на Гонзало Игуаин.
Замислете го само тимот. Пред Војчех Шчесни или новакот Матија Перин, одличниот тандем на стопери Кјелини-Бенатија, Миралем Пјаниќ и Емре Џан за да ги почнуваат акциите, Даглас Коста и Марио Манџукиќ да пробиваат по крилата. Алекс Сандро и Кансело да помагаат од „втор план". Паоло Дибала да го има завршниот пас, а Кристијано Роналдо да биде – Роналдо!
Секако, под услов тоа да се случи, а блиску е...

Најново во Меѓународен Фудбал