СЕ ЗА ПРОФИТ, СЕ ЗА ПАРИ...

Дали е тоа можно, финалето на Лигата на Шампионите во Њујорк?!

Веќе со години наназад постои сериозна намера фудбалот во САД да биде на исто рамниште со славната „четворка" на најпопуларни спортов и. Оваа сезона, „преку барата" ќе се игра и еден меч од шпанската Ла Лига, а во плановите е да се игра и најважниот натпревар на европскиот фудбал.

објавено: 12 септември 2018 - 09:15

Можноста финалето на Лигата на Шампионите да се игра во Њујорк ја најави извршниот директор на медиумската куќа „Медиапро" од Барселона, Жаумес Рурес.

„Се водат проговори околу можноста финалето на Лигата на Шампионите да се игра во Њујорк"- открива Рурес.

Дека европскиот фудбал полека се шири кон северноамериканскиот континент покажуваат и се поголемиот број на клубови кои таму ги реализираат подготовките. Помеѓу двете сезони добар дел од натпреварите на Интернационалниот куп на шампионите, кој го играат 16 најпопуларни клубови, се на американска територија. А оваа сезона, натпреварот од Ла Лига помеѓу Џирона и Барселона ќе се игра во Мајами.
Логично, следниот чекор е тоа да биде натпревар од елитното европско натпреварување. Па зошто да не и големото финале?

Најново во Меѓународен Фудбал