НИКОЈ НЕ Е ПРОФИТАЛБИЛЕН КАКО НИВ

„Црвените ѓаволи" вредат повеќе од три милијарди евра!

Клубот од „Олд Трафорд" уште еднаш отиде далеку во однос на конкуренцијата...

објавено: 23 мај 2018 - 19:40

Уште еднаш, Манчестер Јунајтед е прогласен за највреден европски фудбалски клуб. Во овој момент вредноста на „црвените ѓаволи" е проценета на неверојатни 3.25 милијарди евра, соопштија претставниците од истражното биро КПМГ.

Англискиот клуб е на врвот на ова истражување за „врвни компании", и е поставен пред клубови како Реал Мадрид и Барселона.
Студијата базирана за сезоните 2015/2016 и 2016/2017 ги проучуваше профитабилноста, популарноста, спортскиот потенцијал и вредноста на стадионот.
Финалистот на Лигата на Шампионите, Ливерпул, е поставен на осмото место. А во анализата на 32. големи клубови, екипите од Премиер лигата заземаа шест од десетте најдобри места.


ТОП 10 КЛУБОВИ ВО СВЕТОТ
Манчестер Јунајтед (проценет на 3.25 милијарди евра), Реал Мадрид (2.92 милијарди), Барселона (2.78 милијарди), Баерн (2.55 милијарди), Манчестер Сити (2.16 милијарди), Арсенал (2.10 милијарди), Челзи (1.76 милијарди), Ливерпул (1.58 милијарди), Јувентус (1.30 милијарди), Тотенхем (1.29 милијарди).

Најново во Меѓународен Фудбал