РОНАЛДО НА ПРЕСОТ ПРЕД ДУЕЛОТ СО МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД

„Број 7 е во градот“: Јас сум пример во и надвор од теренот! (ФОТО+ВИДЕО)

Во вторник од 21:00 часот на „Олд Трафорд" во третото коло од Лигата на шампионите ќе играат Манчестер Јунајтед и Јувентус.

објавено: 22 октомври 2018 - 21:00

Ова ќе биде дерби на рундата, а секако големо внимание привлекува Кристијано Роналдо кој ќе игра против својот поранешен клуб каде што стекна слава.

Вели дека не е опседнат од индивидуалните награди, мора да се фокусира на своите последни два месеци во Јувентус кои што беа одлични според планот, а тимот е фантастичен.

„Драго ми е што сум повторно тука во Манчестер, со Реал и Јувентус со Јувентус бев тука, јас сум среќен човек. Ќе биде тоа еден тежок натпревар, Манчестер Јунајтед има еден одличен тим. Тежок противник, но и ние имаме свои сили. Ние сме Јувентус, знаеме дека ќе биде тешко, но ќе имаме свои шанси. Ако играме на начинот на кој тренерот посакува, ќе биде добро. Мораме да го почитуваме Манчестер, но се радувам на можноста која ќе ја имаме за победа", рече Роналдо.

Секако, не можеше да се избегне, макар и во последното прашање она што се чекаше...Животот надвор од фудбалот...

„Нема врска ако сум исклучен или ако не играм. Имаме шест бодови и драго ми е што се вратив. Верувам во себе. Имам луѓе покрај мене, своето семејство, преубавите деца и ништо друго не влијае на мене. Сега уживам во фудбалот, имам луѓе кои водат грижа за мојот живот, моите адвокати ги решаваат останатите работи, јас само мислам на фудбалот. Се гледаме на натпреварот", додаде Роналдо.

Најново во Меѓународен Фудбал