ЛИГА НА ШАМПИОНИ

Баерн за три минути ги „отклучи“ Грците (видео)

Германскиот шампион славеше во Атина, а во Берн, Јанг Бојс и Валенсија одиграа 1:1

објавено: 23 октомври 2018 - 20:53

Првите два натпревари од третото коло во Лигата на шампионите донесоа четири гола. Два ги имаше во Атина каде Баерн со головите на Хави Мартинез и Роберт Левандовски го урнаа грчкиот шампион. Германците во 61 и 63 минута ја погодија мрежата и си ја завршија работата, а тоа беше втора победа по ред по онаа над Волфзбург викендов. А Мартинез го постигна само вториот гол во кариерата во ЛШ.

Освен тоа Баерн ја продолжи серијата на добри резултати против грчки опоненти во европските купови. Сега нивниот скор со противници од Грција е осум победи, две нерешени и нула порази. Гол разлика 29:3.

Дебитантот Јанг Бојс го освои првиот бод во ЛШ. На свој терен ја изненади Валенсија. Шпанците поведоа преку Батшуи во 26 минута, но Гијом Оаро израмни со удар од пенал во 55 минута. Казнениот удар го направи Парехо по стартот над Соу во сопствениот шеснаесетник.

На крајот Валенсија мора да биде задоволна и со овој бод затоа што домашните имаа двојно повеќе удари кон нивниот гол. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал