ЌЕ МОРА ДА ПОЧЕКА НА ВИСТИНСКИОТ БРОЈ ВО РЕАЛ

АСЕНСИО: Никој не ме праша дали ја сакам „седумката" на Роналдо

Фудбалерот на Реал, Марко Асенсио откри дека никој од клубот не му понудил да го земе дресот со бројот 7 по заминувањето на Кристијано Роналдо од Мадрид.

објавено: 23 септември 2018 - 18:00

Неодамна се појави информација дека фудбалерот за врска на „кралскиот клуб" одбил да ја наследи прочуената „седумка". Сепак, младиот шпански репрезентативец вели дека не е така...

„Никој не ми го понуди дресот со бројот 7. од клубот никој не ми се обрати во врска со тоа. Па така мислам дека немав ни некој друг избор"- рече Асенсио откако го постигна победоносниот гол во дуело со Еспањол.

Овој 22. годишен фудбалер моментално го носи дресот со бројот 20, а во меѓувреме, „седумката" ја доби Маријано Диаз.

Запрашан дали би сакал да ја понесе „десетката", Шпанецот одговори:

„Тоа е бројот кој отсекогаш сум го сакал. Но сега е во добри раце. Во иднина би сакал да ја добијам таа шанса".

Реаловата „десетка" моментално ја има најдобриот фудбалер на Мундијалот во Русија – Лука Модриќ!

Најново во Меѓународен Фудбал