ИМАЛО ИНТЕРЕС ОД „КРАЛЕВИТЕ"

АЛЕГРИ ГО ПОТВРДИЛ ПОВИКОТ ОД РЕАЛ: Благодарам, но веќе одлучив!

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри потврди дека можел да го превземе Реал Мадрид или Челзи, но и тоа дека решил да и остане верен на „Старата дама"...

објавено: 13 јуни 2018 - 20:45

На директно прашање дали одбил да биде наследник на Зидан во клубот од Мадрид, Алегри одговорил:

„Ајде да кажеме дека сум му рекол 'да' на Јувентус. Разговарав само еднаш со претседателот Флорентино Перез. И му реков дека на претседателот на Јувентус му дадов збор дека ќе останам овде. Тоа е одлука која веќе ја имав донесено, и ја почитувам, не земајќи ги в предвид другите опции. Сепак, морам да му се заблагодарам на претседателот на Реал затоа што ми даде шанса да одам таму"- рече Алегри.

На прашањето за интересот на Челзи, „Макс" даде сличен одговор.

"Како што реков, одлуката да останам во Јувентус веќе беше донесена. А на другите им се заблагодарувам што ме повикаа. Отсекогаш сум говорел дека прво на претседателот Ањели ќе му кажам ако сакам да си одам. Како и тоа дека јас прв ќе дознаам ако тој сака промена. Јувентус е едне од најголемите клубови во светот"- дополни Алегри.

Во меѓувреме, Жулен Лопетеги го наследи Зинедин Зидан во Реал, но ја загуби работата во репрезентацијата на Шпанија, додека сеуште не се знае дали Антонио Конте ќе остане во Челзи.

Најново во Меѓународен Фудбал