Сплиќани денеска ќе го промовираат новиот стратег

Легендата Вулиќ нов тренер на Мирко Ивановски

објавено: 9 септември 2018 - 10:15

Легендата на сплитските бели, Зоран Вулиќ, и официјално е поставен за нов тренер на екипата на Хајдук. 56-годишниот стратег кој е вистинска легенда на сплиќани, доаѓа на жешкото столче на „Пољуд" со договор кој официјално треба да биде потпишан денеска.

Последен пат Вулиќ беше на „Пољуд" во 2007 година, а ова е негово петто враќање во клубот, но овој пат во еден од најтешките моменти во историјата на клубот. Првпат на кормилото дојде во 1998 година, како трет тренер таа сезона, потоа повторно се врати во 2000-тата, па го водеше тимот и во 2003 и 2006 година.

Во меѓувреме имаше ангажмани и надвор од Хрватска, а беше и помошник на Ото Бариќ на кормилото на хрватската фудбалска репрезентација.

Најново во Меѓународен Фудбал