НЕПОСРЕДНО ПРЕД ФИНАЛЕТО

Легенда на Манчестер Јунајтед го провоцира Модриќ

Англија дома се враќа со празни раце, откако во саботата за третото место на СП загуби од Белгија.

објавено: 15 јули 2018 - 12:45

„Гордиот Албион" разочара, иако стигна до полуфиналето, а свој коментар имаше и една од легендите на Манчестер Јунајтед, Гери Невил пишувајќи на „Твитер".

„Во текот на годината слушав различни изјави. Мислам дека новинар, научник и коментатор никогаш не добиле фудбалски натпревар во историјата. Модриќ е одличен играч, но не верувам дека размислуваше за насловната на „Дејли Стар" додека губеше со 1:0".

Најново во Меѓународен Фудбал