ПРИЗНАВА БЕЛГИСКИОТ ГОЛМАН КОЈ СЕГА Е ДЕЛ ОД РЕАЛ МАДРИД

Куртоа: Навивачите на Челзи не ја знаат вистината...!

Се најде на „мета" на фановите на лондонските „сини" после коментарите на сметка на својот довчерашен клуб.

објавено: 8 септември 2018 - 20:00

Куртоа ова лето одлучи да го напушти Челзи и потпише за Реал Мадрид, а само неколку седмици потоа изјави дека „кралскиот" клуб во секој поглед е над тимот од „Стемфорд Бриџ" што секако ги налути навивачите на премиерлигашот.

Тибо Куртоа конечно се огласи и се обиде малку да ги смири страстите. Вели дека е навистина тажен поради се што се случувало пред неговиот трансфер на „Сантјаго Бернабеу" и дека навивачите на Челзи не ја знаат целата вистина.

„Навистина сум тажен и очигледно е тоа дека навивачите не ја знаат вистината. Уште во март одлучив да го напуштам Челзи, и тоа клубот веднаш го прифати. Не сакав да зборувам се до реализацијата на трансферот, но и од нивна страна не се потрудија баш да ме задржат во своите редови", истакна Куртоа.

Најново во Меѓународен Фудбал