„СПОРТ" И УЕФА ГИ БИРААТ НАЈДОБРИТЕ ВО ЕВРОПА

„Кралевите" во потера на наградите на УЕФА

Весникот „Спорт" и оваа година е дел од изборот на УЕФА на најдобрите фудбалери на Европа за минатата сезона. Гласаа 55 медиуми од сите членки на УЕФА по што се знаат номинациите.

објавено: 10 август 2018 - 15:15

По осми пат УЕФА ќе го прогласи најдобриот фудбалер на Европа за минатата сезона.

Главната церемонија е закажана за 30 август во централата Монте Карло каде по обичај се прогласуваат лауреатите, се прават ждрепките за групните фази од Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

И оваа година Македонија има свој удел во целата оваа гала манифестација. До лани „Македонски Спорт", а сега и како „Спорт", остануваме во жирито на УЕФА.

Мина првиот филтер на гласање во кој учествуваа 55 новинари од 55 земји членки на УЕФА. Нивните гласови, заедно со гласовите на тренерите од екипите кои играа во групната фаза од Лигата на шампионите и Лигата на Европа го добиваат вкупниот збор на поени по кој се добиваат победниците.

По категориии УЕФА вчета ги обелодени најдобрите 3 фудбалери на секоја позиција. Според номинациите може да кажеме дека и нашите гласови како „Спорт" се „погодени". Нашите фаворите влегоа во трката за избор за најдобри фудбалери.

Според тоа за наградата најдобар голман во топ 3 влегуваат: Алисон (Рома), Буфон (Јувентус), Навас (Реал Мадрид).

И оваа година наградата за најдобар стопер оди во Реал Мадрид, а бранител на тронот е Серхио Рамос кој сега има конкуренција во Марсело и Варан. Тројцата дефанзивци на „кралевите" добија најмногу гласови.

Во средниот ред има нова „кралска" битка и тоа на Лука Модриќ со Тони Крос а третиот е Де Брујне од Манчестер Сити.

Мухамед Салах ќе се обиде да ги победи вечните Меси и Роналдо кај голгетерите. Фудбалерот на Ливерпул имаше фантастична сезона во дресот на „црвените" но Роналдо е тој кој ја освои Лигата на шампионите.

За очекување е и оваа година како и лани наградите да ги „лапнат" играчите на Реал Мадрид кој беа најдобри но сега им парираат репрезентативците на Франција по освоената светска круна на СП во Русија.

Најново во Меѓународен Фудбал