„Неро-аѕурите" се потрудиле со сите сили да го ангажираат играчот за врска на „Џузепе Меаца". Му биле понудено одлични услови, но од друга страна „кралевите" не сакаа да останат без 32-годишниот Хрват.
Челниците на Реал биле екстремно лути поради наводно незаконскиот контакт на Интер со Модриќ, па затоа калчолигашот беше пријавен во ФИФА.
Но, според „Газета Дело Спорт", Светската фудбалска федерација ги сослушала аргументите на двата клуба, како и сведочењето на Лука Модриќ и одлучи да ги отфрли обвиненијата против Интер. Исто така, беше одлучено дека ФИФА нема да преземе дополнителни чекори околу случајот „Модриќ".
Потсетување, Реал Мадрид тврди дека Интер ги прекршил одредбите од член 18 од Регулаторниот статус на ФИФА и трансфер на играчи.