УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ - 3. КОЛО

Конечно, победи и Италија на Манчини!

објавено: 14 октомври 2018 - 22:43

Дефанзивецот на Фиорентина, Кристиано Бираги со гол во 92. минута ја донесе првата победа за репрезентацијата на Италија во ерата на Роберто Манчини. Во интересен и неизвесен меч во Хорзов, Италијанците имаа повеќе од играта и конечно успеаја да погодат и да ги освојат првите три бода во групата, откако во првите две кола имаа по една победа и едно реми.

 По овој пораз, Полска остана со само еден бод, додека лидер во групата  со шест бода по две одиграни средби е селекцијата на Португалија. 

Вечерва во рамките на Ц-лигата, селекцијата на Црнагора успеа брзо да се опорави по поразот од Србија од пред неколку дена и убедливо со 4:1 да ја совлада Литванија на гостински терен. Израел, пак, пред своите навивачи успеа да слави над Албанија so 2:0 и да се врати на врвот во групата во која е и селекцијата на Шкотска.

Најново во Меѓународен Фудбал