Иако одигра 5 средби за светскиот шампион

Кондогбија ја откачи Франција, ќе игра за ЦАР

објавено: 8 септември 2018 - 22:00

Фудбалерот од средниот ред на Валенсија, Џофри Кондогбија, реши да го промени државјанството и да заигра за земјата во која е роден. 25-годишниот играч од средниот ред кој мина низ скоро сите младински селекции на Франција, а исто така играше и пет натпревари за првиот тим на „галските петли", во иднина ќе го носи дресот на Централноафриканската република.

И покрај фактот дека Кондогбија е роден во Франција и израсна како фудбалер во оваа земја, тој одлучи да се проба во земјата од кој апотекнуваат неговите родители.

Според африканските медиуми, Џофри го променил своето државјанство и сега ќе ја претставува фудбалската репрезентација на Централноафриканската Република. Едно време, неговиот брат Еван, исто така фудбалер, играше за оваа африканска земја. За новата селекција Кондогбија може да дебитира веќе во октомрви во квалификациите за Купот на Африканските нации.

Најново во Меѓународен Фудбал