ИМА МНОГУ ПРИЧИНИ ЗОШТО „ГАУЧОСИТЕ“ НЕ ГО ИЗБРКАА СЕЛЕКТОРОТ

Колку чини Сампаоли да добие отказ во Аргентина?

Иако речиси сите во Аргентина сакаат тренерот да си замине, никој не размислува да му даде отказ

објавено: 4 јули 2018 - 09:00

Аргентина повторно имаше разочарувачки настап на големо натпреварување, откако беше елиминирана уште во осминафиналето. „Гаучосите“ загубија од Франција со 4:3, а интересно е тоа што на последните два меча, во улога на селектор не беше Хорхе Сампаоли, на кого тоа му е примарна задача. 

Место да се слушаат советите од Сампаоли, Лионел Меси беше тој кого го слушаа играчите. меси кажуваше кој да влезе во игра и каква да биде тактиката. Иако речиси сите во Аргентина сакаат Сампаоли да си оди од селекторското место, речиси никој во аргентинската фудбалска федерација не ни помислува на такво нешто. 

Во анкета направена на 100.000 фанови, дури 82 отсто се за Сампаоли да си замине. Сепак, тоа нема да се случи, поради договорот кој селекторот го има со федерацијата. Доколку предвреме му биде раскинат договорот, аргентинската федерација на Сампаоли ќе треба да му исплати 13 милиони евра оштета.

Откако во 2017 година, Сампаоли седна на селекторското место во Аргентина, репрезентацијата има 7 победи, 4 нерешени и 4 порази.  

Најново во Меѓународен Фудбал