СЛАВНИОТ ХОЛАНДСКИ ФУДБАЛЕР ВО ТУРЦИЈА

Коку е новиот тренер на Елмас и Фенербахче

Потпиша договор на три години со турскиот гигант во чии редови настапува македонскиот интернационалец Елиф Елмас.

објавено: 22 јуни 2018 - 18:28

Филип Коку ќе го води Фенербахче од наредната натпреварувачка сезона 2018/2019, претходно беше стратег на ПСВ Ајндховен.

„Импресиониран сум од идните планови на клубот. Фенербахче е голем клуб и идеите кои ми ги споделија се ветувачки.

Едвај чекам да ги тренирам играчите и ги водам пред нашите навивачи на „Шукру Сарачоглу" стадионот. Сакам веднаш да започне оваа авантура", рече новиот тренер на Фенербахче, Филип Коку.

Своевремено како фудбалер ги бранеше боите на Барселона, а со холандската репрезентација беше финалист на Светското првенство во 2010. година.

Најново во Меѓународен Фудбал