„Л`ЕКИП ГО СКРАТИ СПИСОКОТ ЗА НОВО ПОГЛАВЈЕ ВО ИСТОРИЈАТА

КОЈ Е ВАШИОТ ФАВОРИТ: Тројца кандидати за „Златната топка“! (ВИДЕО)

Францускиот весник ги објави тројцата кандидати за престижната награда кои добија најмногу гласови.

објавено: 19 ноември 2018 - 21:11

Сега и официјално, како што и се најавуваше, на скратениот список ги нема Кристијано Роналдо и Лионел Меси кои доминираа една деценија.

Во конкуренција за „Златната топка" се наоѓаат Хрватот Лука Модриќ, и Французите Рафаел Варан и Килијан Мбапе. Надвор од листата остана Антоан Гризман.

Модриќ ја освои Лигата на шампионите и играше финале на СП, потоа Варан има и европска и светска титула, но никаде не беше главен играч, додека Мбапе би бил веројатно најзаслужниот за француската титула, но ПСЖ освен домашните трофеи кои не се мерило, неславно помина во ЛШ.

Најново во Меѓународен Фудбал